Почетна » Новости » Актуелно » Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Утре, во ресторанот Ragusa Rooftop 360 со почеток од 10:00ч ќе се одржи конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото под слоганот „Круг на нови можности“, во организација на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото

Како дел од новите програми за поддршка, Youth in Business и Women in Business, оваа конференција претставува прв од низата најавени настани за размена на искустваи вмрежување на овие две групи претприемачи, во рамки на мисијата за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.

На настанот своите приказни ќе ги споделат истакнати и успешни претприемачи од локалната заедница, Ирена Јакимовска, сопственик и управител на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, а ќе се одржи и панел дискусија „Претприемништво - Од предизвици до можности“ во која ќе учествуваат Петар Ниновски, CEO на Brainsterи Основач на Brainster Next Колеџ; Ангела Настевска, внатрешен консултант на Кентаур Импекс; Билјана Менкиноска, менаџер на El Mundo; и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР.

Во рамки на конференцијата присутните ќе имаат можност да се запознаат со финансиските поволностите за жени претприемачи и младипретприемачи кои се дел од новите бизнис пакети на ПроКредит банка.

Повеќе детали за агендата на следниот линк.

Не пропуштајте ја последнаташанса да го резервирате вашето место на следниот линк.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.