Фотографија од Украинка на денот кога требаше да матурира брзо се распространува на интернет.
Девојката од Харков го облече прекрасниот фустан во кој сонуваше да ја прослави својата матура и отиде да го посети училиштето каде требаше да заврши средно образование. Таа позираше до урнатините кои се резултат на воениот конфликт со Русија.
Фотографијата ја сподели Ана Епишева на Twitter. „Мојата внука требаше да матурира оваа година во нејзиното средно училиште. Таа и нејзините пријателки имаа купено фустани и со нетрпение го очекуваа овој ден. Тогаш дојдоа Русите. Нејзиното училиште беше директно погодено и уништено. Денес таа се врати кај тоа што остана од нејзиното училиште и нејзините планови. Фала ти моја мила Валери што си силна и храбра, те сакам и се гордеам со тебе“ – стои во описот.
Објавено е и видео од матуранти кои танцуваат пред рушевините од нивното школо.
10 graduates of school N134 in Kharkiv, which was destroyed by Russians at the end of February 2022, danced a farewell school waltz among the ruins of their former school.
— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) June 7, 2022
You can see their parents who also came to this touching graduate day.
Video Suspilne Kharkiv pic.twitter.com/z3KjSZXhoh