На задоволство на љубителите на театарската уметност, Македонскиот народен театар одлучи од утре да ги прикажува претставите бесплатно на YouTube.
За да не им биде здодевно на граѓаните кои седат дома, како мерка за заштита од коронавирусот, МНТ им овозможува од удобноста на своите домови да уживаат во магијата на театарската игра.
Утре (18 март) во 20 часот ќе се прикажува „Сомнително лице“, на 19 март „Изгубени Германци“, на 20 март „Парите се отепувачка“, на 23 март „Да тргнеме Сењор“ и на 24 март „Мајсторот и Маргарита“.