Триглав Осигурување донираше 1 000 заштитни одела на Министерството за здравство, наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Донацијата има за цел поддршка на јавното здравство и заштита на медицинскиот персонал, кој несебично се бори за спречување на пандемијата, предизвикана од вирусот Ковид -19.
Триглав Осигурување даде поддршка на јавните здравствени институции, со донирање на 1 000 заштитни одела, кои го штитат здравствениот персонал при работа во услови на пандемија. „Заштитните одела се наменети за медицинските работници, кои се во првата линија во борбата против пандемијата. Затоа, лично, и во име на сите вработени во Триглав, би сакал да упатам голема благодарност до нив, за нивната несебична и пожртвувана работа. Воедно, би сакал да апелирам сите да се придржуваме до мерките на надлежните институции и да помогнеме на тој начин во борбата со пандемијата. Само на тој начин, со заеднички сили, ќе им помогнеме на здравствените работници и ќе го сочуваме нашето и здравјето на сите околу нас”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.
Согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со појавата на Ковид-19, Триглав Осигурување АД, Скопје, континуирано воведува мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите.