Во болницата „Плодност“ во Битола во изминатите 12 години се остварила најголемата желба на многу парови - да станат родители.
По 10 години борба со неплодноста, брачни партнери конечно добија близначиња, а медицинскиот тим сними момент кој топли срца.
Новородените бебенца се прегрнуваат, покажувајќи ја нивната поврзаност и надвор од утробата на мајка им.
„По 10 години неплодност и обиди за забременување на други места, денес го имаме плодот на посветеноста и заложбата на тимот на Болница Плодност - Hospital Plodnost.“
„На свет ни дојдоа две близначиња, чија взаемна поврзаност и емоции, ја продолжуваат и по излегувањето од утробата на нивната мајка.“
„За вакви моменти, вреди секој чекор, вложен во нашите пациенти“ – пишуваат од болницата.