Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто. Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат. КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.
На членовите на тимот на КАМ им се обезбедени конкурентни плати, како и голем број бенефиции и поволности. Компанијата овозможува обука и развој кои се задолжителни за сите вработени во првиот месец од вработувањето, а и понатаму постојано се вложува во нивниот професионален развој. Обезбедени се одлични услови за работа, бонуси како и плати кои високо го вреднуваат и стимулираат трудот и севкупната работа на вработените.
„Сите овие придобивки ги уживаат вработените на КAM, кој во нашата држава е посакувано место за работа во областа на малопродажбата што резултираше со освоена награда за најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата на маркети. КАМ како лидер на пазарот во областа на малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите ланци на маркети во државата кои се стремат и настојуваат за воведување на конкурентни плати и бенефиции за вработените“ – велат од менаџерскиот тим на КАМ.
Успехот на компанијата пред сè се должи и на сите 1400 вработени. КАМ исто така е насочен кон експанзија и моментално во државата има 84 маркети, а во план е понатамошно ширење и дополнително отворање на нови локации во наредниот период
Регрес за годишен одмор и континуирани награди
Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од 33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто , односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.
Бројни бенефиции за секој член на тимот
Покрај регресот за годишен одмор, во делот за бенефициите предвидени се и останати придобивки за вработените (и за членовите на нивните семејства) како што се: пакет за добредојде за новите вработени, бонус за препорачан пријател, слободни денови за роденден и за лојалност кон компанијата. Меѓу другото вклучени се и ваучер за склучен брак, ваучер за спортска опрема како еднократни бенефиции за вработените, можност за користење на картичка за спортски активности со минимална партиципација од вработените, пакет на производи за верските празници, празничен ваучер, пакет на производи за новороденче, пакети со школски прибор за вработените чии деца се во училиште и се доделуваат при почетокот на првото и второто полугодие, а дополнително тука се и подароци за денот на жената и попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид.
Вработените од одредени сектори имаат и платен организиран превоз и оброк како и бонуси за редовност кои влијаат стимулирачки и се поттик за подобрување на постоечките перформанси на вработените.
Дополнително, КАМ вложува во едукација на ученици од дуалното образование од средните училишта кои посетуваат пракса во компанијата како и на студентите кои согласно платената практикантска работа се здобиваат со можност да стекнат практични знаења и вештини, а дел од нив добиваат и шанса за редовно вработување.
Компанија која континуирано инвестира
Платите и секако бенефициите кои ги уживаат вработените во КАМ директно влијааат врз зголемувањето на задоволството на вработените и имаат удел и во постигнатите резултати на компанијата.
КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија - сертификатот QUDAL доделен од независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS. Дополнително, наградата Best Buy Award, веќе петта година по ред потврдува дека КАМ има најдобар сооднос на цена со квалитет.
Уште едно истражување, на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија седум години по ред. КАМ и во 2023 год. е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар во повеќе поткатегории: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет како и најдобра локациска покриеност.
Вработените се највредниот ресурс на компанијата. Нивната благосостојба, задоволство и раст се најважни. Како дел од нашата постојана заложба за градење на поттикнувачка и поддржувачка работна средина, КАМ останува посветен на постојано подобрување на условите за работа.