Главна причина за појава на цервикален карцином е перзистентна инфекција со високо ризични типови на ХПВ (хуман папилома вирус), кој е најчестата сексуално пренослива инфекција. Не секој ХПВ вирус предизвикува карцином. Такви се онкогените типови ХПВ 16 и ХПВ18 кои заедно се одговорни за преку 70% од сите карциноми на грлото на матката.
Скрининг методи
Постојат неколку видови:
- Молекуларен тест – тој служи за детекција на присуство на ХПВ. Познат е уште како ХПВ типизација.
- Цитолошки тест – овде спаѓаат: Конвенционалниот ПАП тест и Liquid-based cytology (LBC)
- Визуелна инспекција. Таа која може да се изведе на два начини: со помош на оцетна киселина или Lugol’s iodine, или пак, со помош на колпоскоп или камера
Денес препораките на светските здруженија за гинекологија и акушерство поттикнуваат примена на обете методи во зависност од возраста и предходните скрининг наоди, задолжително во комбинација со визуелната инспекција.
Информации кои не смеете да ги заборавите:
- Почеток на скрининг една година по почеток на сексуални односи.
- До 30 години скрининг со ПАП тест на 3 години доколку се негативни наодите.
- Од 30 до 65 години постојат две опции – скрининг со цитологија секои три години или скрининг со ХПВ и цитологија на 5 години кај пациентки кои имаат негативни скриинг резултати.
- Над 65 години скринингот може да престане кај одредена категорија на пациентки.
- Позитивен цитолошки наод или ХПВ типизација со високо ризичен ХПВ тип – индицира понатамошни дијагностички постапки како колпоскопија или биопсија и ендоцервикална киретажа
Дефинитивна дијагноза се поставува по земање на биоптичен примерок и хистопатолошка анализа.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484
Д-р сци. мед. Ирена Андонова
Специјалист гинеколог-акушер
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје