Почетна » Новости » Актуелно » „Си замина дел од моето второ семејство“: Ана Костадиновска, која го преживеа пожарот, се прости со колегите од ДНК

„Си замина дел од моето второ семејство“: Ана Костадиновска, која го преживеа пожарот, се прости со колегите од ДНК

Ана Костадиновска успеа да се спаси во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“, но дел од нејзиното срце згасна во пламените јазици.

Талентираната пејачка, која беше придружен вокал на бендот ДНК, успеа да смогне сили да се збогува со своите осум починати колеги.

ДНК

На денот на нивниот погреб, Ана напиша емотивна порака:

„Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина, а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ.“

Ана со тешко срце се збогува и со Сара Пројковска, со која беа многу блиски и заедно придружуваа многу пејачи на нивните концерти.

„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа. Ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден...“ – стои во пораката на Ана за Сара.

ДНК

Ана е ќерка на легендарниот композитор Кире Костов и професорката по пијано Кармен Костова. Ова е прва нејзина објава по несреќата.

Фотографија: Ана Костадиновска / Facebook

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.