Почетна » Новости » Актуелно » Селена Гомез потполно искрена: „Не можам да родам свои деца“

Селена Гомез потполно искрена: „Не можам да родам свои деца“

Селена Гомез одлучи јавно да проговори за мајчинството. Во интервју за Vanity Fair, младата пејачка и актерка сподели дека не може да носи и роди свои деца.

„Го немам кажано ова, но за жал, не можам да родам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би го ставиле во опасност мојот живот и животот на бебето. Извесно време тагував поради тоа“ – рекла таа.

Селена Гомез

Сепак, Селена не се откажува од сонот еден ден да стане мајка иако влегувањето во родителството нема да биде онака како што порано си замислувала.

„Мислев дека ќе се случи како кај другите. Но, сега сум на подобро место. Сметам дека е благослов што постојат прекрасни луѓе склони да бидат сурогати или да дадат на посвојување, а двете тие се опции за мене. Станав многу благодарна за другите опции за луѓето кои умираат да станат мајки. Јас сум една од нив. Возбудена сум да видам како ќе изгледа моето патување. На крајот на краиштата, не е важно. Тоа ќе биде мое. Ќе биде мое бебе“ – отворено проговори таа.

Селена е во врска со Бени Бланко, за кого изјави: „Никогаш не сум била вака сакана. Тој е светлина, комплетна светлина во мојот живот. Тој ми е најдобар пријател. Обожавам да му кажувам сè“.

Селена Гомез Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19866 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.