Српскиот претседател Александар Вучиќ заедно со српската влада издвоија 1 милион евра како награда за фудбалската репрезентација за директниот пласман на Светското првенство во Катар.
Хуманите спортисти заедно со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси одлучија оваа парична награда да ја донираат за лекување на болни дечиња кои имаат потреба од помош.
Овој потег ја одушеви балканската јавност.
Српскиот фудбалски тим со резултат 2:1 ја победи Португалија и се пласира директно на Светското првенство. Пред спортистите да одлетаат за Лисабон, претседателот Вучиќ влезе во авионот за да им посака успех и да им соопшти дека доколку победат, ги очекува бонус од 1 милион евра.
Погледнете видео: