Почетна » Новости » Актуелно » Тарик Филиповиќ, бренд амбасадор на Бекутан: „Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО“

Тарик Филиповиќ, бренд амбасадор на Бекутан: „Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО“

Родителството, несомнено е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваат со новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност, која трае цел живот.

Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.

Бекутанова работилница за родители

Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“

Бекутанова работилница за родители Бекутанова работилница за родители

Значењето и важноста на рамнотежата во родителството ги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ние правиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдоброто во дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ прави подобри татковци! Важен е балансот во родителството. Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“

Бекутанова работилница за родители

„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство.’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познатитатковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски.

Видео:

Бекутанова работилница за родители Бекутанова работилница за родители Бекутанова работилница за родители

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.