Почетна » Новости » Актуелно » „Сега заедно пак ќе се смеат“: Заеднички фотографии од Тоше Проески и Андреј од ДНК нема да ве остават рамнодушни

„Сега заедно пак ќе се смеат“: Заеднички фотографии од Тоше Проески и Андреј од ДНК нема да ве остават рамнодушни

Заеднички фотографии од Андреј Ѓорѓиески од ДНК и Тоше Проески деновиве се распространуваат на интернет.

Нашите музички ѕвезди, кои не се повеќе меѓу нас, ќе ги паметиме засекогаш по нивните добри срца и желбата секогаш да помагаат на оние на кои им е најпотребно.

На фотографиите, Тоше и Андреј се смеат и разговараат. Во коментарите стојат пораки како: „Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“, „Вечна ви слава Ангели наши“ и „Пејте заедно со Ангелите“.

Андреј Ѓорѓиески од ДНК и Тоше Проески

„Тоше пееше - Полско цвеќе млад нека ме покрие... Андреј пееше - Ако утре ме нема еј, Немој да ме жалите... Едниот на 16.10.2007... Другиот на 16.03.2025“ - стои во една објава на социјалните мрежи.

Тоше почина во страшна сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, додека Андреј го изгуби својот живот во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Андреј Ѓорѓиески од ДНК и Тоше Проески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24189 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.