Пред една недела, почина Никола Проески – таткото на непреболениот Тоше Проески.
Нивниот внук, Кристијан Ристески, со емотивна објава се збогуваше со својот дедо. Талентираното момче објави фотографии со покојниот Никола и во описот напиша само: „Папу“.
„Сега е повторно со нашиот ангел“, „Тодор го чека со раширени раце“ и „Нека почива во мир и спокој неговата душа, сега пак ќе е со својот ангел Тоше“ – се дел од коментарите.
На три од старите фотографии е и Тоше.
Кристијан е дете на сестрата на Тоше – Дора. Тој заедно со Тоше ја испеа „My Little One“. Љубовта кон музиката Кристијан несомнено ја наследи од нашата ѕвезда со ангелски глас.
Пред неколку години, Кристијан имаше изјавено: „Вујче Тоше ме зарази со музика“, па своето образование тој го продолжи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на отсек интерпретација на популарна музика и музичка продукција.