Како дел од својата платформа „Сѐ што ни треба е љубов”, годинава „Божиновски часовници и накит” ја поддржа тринаесеттата експедиција „Први на први”, која секоја година организира подвиг, првото изгрејсонце во годината да го дочекаат на врвот Пелистер.
И можеби тринаесетката не беше најсреќна бројка и планинарите годинава на Пелистер ги дочека со силна олуја, но симболично 13-годишниот Јаков Мицевски, најмладиот член на експедицијата ни одржа лекција на сите дека годините се само бројка кога со вистинска и неизмерна љубов ги правиме работите кои не исполнуваат. Импресионирани од неговата упорност „Божиновски часовници и накит” на младиот херој му врачи часовник, со кој се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да ги брои своите идни подвизи на кои сите ќе се радуваме заеднички.
Планинарите на врвот Пелистер го развиорија и платното со убави желби и пораки кои во последните денови од 2023 битолчани ги испишуваа во градскиот парк и на тој начин заеднички ја пренесовме пораката дека Сѐ што ни треба е љубов. Прекрасен старт на новата година. Погледнете ја фотогалеријата од подвигот: