Почетна » Новости » Актуелно » „Светол пат кон Светлината мили души“: Емотивни пораки за збогување со младите жртви од пожарот

„Светол пат кон Светлината мили души“: Емотивни пораки за збогување со младите жртви од пожарот

Тага и болка ја обвија нашата земја.

Денес се одржува погребот на сите 59 лица кои ги загубија своите животи во кошмарниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки полни со сочувство и тажни зборови.

„Светол пат кон Светлината мили души“ – стои на објавата на Викторија Лоба.

Емотивни пораки за жртвите

Драган Спасов-Дац напиша:

59

Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен.

Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата

Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија

Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда.

Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти.

Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика.

Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот.

Сонувајте и патувајте...

Ана и Мане од Instagram профилот adventure.mk:

Емотивни пораки за жртвите

20.03.2025 Денес требаше да биде пролет… но, дали ова е пролет.. или е најтешката и најладна зима во историјата на Македонија?

Никогаш да не се повтори овој студ!

Почивајте во мир златни луѓе

#Кочани не сте сами

Калиопи со емотивни зборови:

Не плачи,
те молам мило мое немој сега кога одам
не знаев,
дека твоите солзи толку многу можат да ме болат
гушни ме,
и стопи ме на твоите раце како мед
голтни ја
и оваа последна и болна мисла на тебе…

Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите Емотивни пораки за жртвите

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24058 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.