Почетна » Новости » Актуелно » Принцот Хари насмеан на настан во Лас Вегас по посетата на татко си Чарлс кој има рак

Принцот Хари насмеан на настан во Лас Вегас по посетата на татко си Чарлс кој има рак

Принцот Хари се врати повторно во САД по ултра кратката посета на Велика Британија поради болеста на кралот Чарлс.

39-годишниот британски принц имаше 45-минутна средба со својот татко во Лондон, пред да одлета во Лас Вегас за наградите NFL Honors.

Принцот Хари

Во „Resorts World Theatre“, Хари се појави на сцената за да му ја додели статуетката за Волтер Пејтон Маж на годината на Камерон Хејворд.

Принцот Хари Принцот Хари Принцот Хари Принцот Хари Принцот Хари Принцот Хари Принцот Хари

Бакингемската палата соопшти дека кралот Чарлс има форма на рак, започна со лекување и се повлекува од кралските должности во јавност. Според официјалните информации, не станува збор за рак на простата, иако дијагнозата била поставена непосредно по неговата неодамнешна операција за зголемена простата.

Британскиот принц се повлече од кралското семејство по стапувањето во брак со Меган Маркл, со која моментално живее во Монтесито, Калифорнија. Но, откако дозна за дијагнозата на татко му, Хари веднаш одлучи да отпатува во Лондон и да го посети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.