Принцовите Вилијам и Хари ги оставија несогласувањата настрана и се обединија повторно за да откријат нова статуа од нивната покојна мајка – принцезата Дијана.
Статуата беше поставена во градината на Кенсингтонската палата по повод 60-тиот роденден на „кралицата на срцата“.
„Денес, на денот кој ќе беше 60-ти роденден на нашата мајка, се потсетуваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети кои ја направија сила за доброто низ светот, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден посакуваме таа да беше сè уште со нас“ – стои во заедничка изјава на Вилијам и Хари.
Изгледот на Дијана на статуата бил инспириран од официјалната божиќна честитка од 1993 година, на која таа позира со Хари и Вилијам.
Prince William and Prince Harry unveil statue of their mom Princess Diana. https://t.co/LFdPDZNhtn pic.twitter.com/BDNjwA7N3F
— Good Morning America (@GMA) July 1, 2021
Дијана беше најомилениот член на британското кралско семејство, кој инстантно го освои светот, а подоцна го растажи со прераната трагична смрт. Таа почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
Ова е првпат Вилијам и Хари да се сретнат, по смртта на нивниот дедо, принцот Филип, во мај.