Почетна » Новости » Актуелно » Принцезата од Дубаи побара развод на Instagram една година по свадбата, сопругот бил „зафатен со други придружнички“

Принцезата од Дубаи побара развод на Instagram една година по свадбата, сопругот бил „зафатен со други придружнички“

Принцезата од Дубаи е во центарот на вниманието на светските медиуми поради начинот на кој побара развод од својот сопруг.

Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум преку објава на Instagram објави дека се разведува од Мана Ал Мактум, кој бил „премногу зафатен со други придружнички“.

„Драг мажу. Додека си зафатен со други придружнички, јас го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај се! Твојата поранешна сопруга“ – напиша таа.

Махра Махра

Поранешниот пар стапи во брак во мај минатата година, а прослави со луксузна свадба. Пет месеци подоцна, со фотографија од ултразвук објавија дека го очекуваат првото дете.

„Само ние тројца“ – напиша тогаш Махра, додека на неодамнешна фотографија таа позира со 2-месечната ќеркичка и пишува „Само ние две“.

Махра Махра Махра Махра Махра Махра

Претходно, тие заемно престанале да се следат еден со друг на социјалните мрежи и ги отстраниле заедничките фотографии.

Махра Махра

Махра е ќерка на 75-годишниот владетел на Дубаи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.