Почетна » Новости » Актуелно » Принцезата Кетрин призна дека ја коригирала фотографијата со трите деца за Денот на мајката

Принцезата Кетрин призна дека ја коригирала фотографијата со трите деца за Денот на мајката

Откако стана мета на критики дека ја коригирала фотографијата за Денот на мајката, принцезата Кетрин напиша пост на Instagram Story.

принцезата Кетрин

Во него, 42-годишната припадничка на британското кралско семејство призна дека користела алатки за уредување на фотографијата и се извини за забуните коишто ги предизвика со тоа.

„Како многу други аматери фотографи, понекогаш експериментирам со едитирање. Сакам да се извинам за секоја забуна која ја предизвика вчерашната споделена фотографија. Се надевам дека сите го слават и имаат среќен Ден на мајката“ – напиша таа.

принцезата Кетрин

На фотографијата, Кетрин позира со трите деца, принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луи. Тоа беше првата официјална фотографија од принцезата на Велс по нејзината абдоминална операција која поттикна бројни шпекулации во јавноста.

принцезата Кетрин принцезата Кетрин принцезата Кетрин

Многу медиумски информативни агенции ја отстранија фотографијата откако стана јасно дека таа е коригирана.

принцезата Кетрин

Врз Кенсингтонската палата се вршат притисоци да биде објавена оригиналната фотографија со цел да се врати довербата на јавноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.