Почетна » Новости » Актуелно » Принцезата Кетрин отмена во бело со трите деца за првпат на јавен настан по дијагнозата со рак

Принцезата Кетрин отмена во бело со трите деца за првпат на јавен настан по дијагнозата со рак

Принцезата Кетрин се врати на кралските должности додека води тешка здравствена битка и минува низ хемотерапија. 42-годишната припадничка на британското кралско семејство се појави на роденденската парада на кралот Чарлс.

На настанот „Trooping the Colour“, Кетрин изгледаше отмено во бела креација од Џени Пекам со црно-бела панделка кај вратот и шешир од Филип Трејси.

На почетокот на церемонијата, таа се вклучи во кралската поворка во кочија со трите деца – 10-годишниот Џорџ, 9-годишната Шарлот и 6-годишниот Луи. Потоа, семејството се обедини на балконот на Бакингемската палата.

Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour Trooping the Colour

На Кетрин ѝ беше дијагностициран рак по операцијата на стомакот на почетокот на годината. Сопругата на принцот Вилијам прима хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста. За моменталната состојба, таа сподели:

„Добро напредувам, но како што знае секој кој минува низ хемотерапија, има добри и лоши денови. Во лошите денови се чувствуваш истоштено, уморно и мораш да го одмориш телото. Но, во добрите денови, кога се чувствуваш посилно, сакаш да го искористиш тоа до максимум.“

Trooping the Colour

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.