Принцезата Кетрин излезе во јавност откако се проширија бројни коментари и шпекулации за нејзиното здравје и стабилноста на нејзиниот брак со принцот Вилијам.
На снимката, 42-годишната претставничка на британското кралско семејство чекори насмеана покрај својот сопруг. Таа изгледа во добра здравствена состојба по операцијата на стомакот.
Видео:
Изминатите недели се распространија многу лажни вести и загрижувачки коментари кои посочуваа за влошување на нејзиното здравје, како и за неверство од страна на принцот Вилијам.
Кенсингтонската палата на 17 јануари објави соопштение дека Кетрин била оперирана и ќе остане во болницата во Лондон 10 до 14 дена.
Кралскиот пар замоли личните медицински податоци за Кетрин да останат во тајност. Иако не е познато за што точно била оперирана, се знае дека не станува збор за канцер.
За Денот на мајката, принцезата од Велс објави фотографија со трите деца, за која подоцна призна дека ја едитирала. Тоа предизвика лавина нови шпекулации.