Принцезата Кетрин моментално заздравува по операција на стомакот, која ѝ беше направена пред неколку недели.
Сопругата на принцот Вилијам за првпат беше фотографирана во јавност по хируршкиот зафат. На фотографиите, Кетрин седи на совозачкото седиште во автомобил, додека возилото го управува нејзината мајка Керол.
Поради тоа што долго време не беше видена во јавност, деновиве започнаа да кружат шпекулации за влошување на нејзината здравствена состојба.
Кенсингтонската палата на 17 јануари објави соопштение дека Кетрин била оперирана и ќе остане во болницата во Лондон 10 до 14 дена.
Кралскиот пар замоли личните медицински податоци за Кетрин да останат во тајност. Иако не е познато за што точно била оперирана, се знае дека не станува збор за канцер.
Кетрин последен пат се појави во јавност за Божиќ.