Британското кралско семејство соопшти дека принцезата Кетрин е исправена пред здравствен предизвик и нема да има официјални должности во наредните неколку месеци.
42-годишната сопруга на принцот Вилијам била успешно оперирана и се очекува да остане хоспитализирана во наредните 10-14 дена. Потоа, таа ќе се врати во домот во Виндзор каде ќе се опоравува со поддршка на најблиските.
„Нејзиното Височество Принцезата од Велс вчера беше примена во Лондонската клиника за планирана операција на стомакот. Операцијата беше успешна и се очекува таа да остане во болница 10 до 14 дена пред да се врати дома за да го продолжи закрепнувањето. Врз ваза на моменталните медицински совети, таа најверојатно нема да им се врати на работните обврски пред Велигден“ – стои во соопштението.
И принцот Вилијам ќе го намали бројот на официјални ангажмани за да може да се посвети на семејството.
Кралскиот пар замолува личните медицински податоци за Кетрин да останат во тајност. Иако не е познато што точно била операцијата, се знае дека не станува збор за канцер.
Кетрин последен пат се појави во јавност за Божиќ.