„Браќа Манаки“ внесе свежина под битолското небо. Отворањето на филмскиот фестивал беше проследено со огромно внимание, па организаторите вложија многу енергија сè да помине по протокол и да ги придобие љубителите на филмската уметност.
Синоќешната церемонија покажа дека имаме со што да се гордееме и дека сме „таргет“ на филмски уметници од целиот свет, за што е многу заслужна и Маја Андоновска Илијевски.
Директорката на Центарот за култура во Битола, пристигна на церемонијата во гламурозно издание. Фустанот со ефектни ракави е дело на дизајнерот Андреј Папаз.
Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе трае од 16 до 21 септември.