Почетна » Новости » Актуелно » Прежално: Исти родители напуштиле три бебиња во период од седум години во паркови во Лондон

Прежално: Исти родители напуштиле три бебиња во период од седум години во паркови во Лондон

Три новородени бебиња, пронајдени во паркови во Лондон во изминативе седум години, биле напуштени од истите родители.

Британските медиуми ја објавија поврзаноста меѓу децата, но не ги соопштија имињата на родителите, бидејќи по нив сè уште се трага. Бебето Хари било родено и пронајдено во 2017 година, бебето Роман во 2019 година, а нивната сестричка Елза во јануари годинава.

бебиња бебиња бебиња

Крвното сродство меѓу нив било откриено по наоѓањето на Елза во студена ноќ од страна на случаен минувач кој го шетал своето куче. Таа била стара само еден час кога била пронајдена оставена во парк во торба за пазарување. По ДНК тестот се покажало дека Хари и Роман се нејзини браќа.

Судијката која го води случајот имала забрането да биде објавено крвното сродство меѓу децата, но поради преголемиот јавен интерес дозволила медиумите да ја објават оваа информација. Целта е што поскоро да се пронајдат биолошките родители.

Најстарото дете, Хари, било пронајдено на 17 септември 2017 година завиткано во бело ќебенце.

бебиња

Второто дете Роман било пронајдено во торба за пазарување на 31 јануари 2019 година.

бебиња

Исто како Роман, Елза била пронајдена во торба за пазарување на минусни температури, поради што и го добила своето име по хероината од „Frozen“.

бебиња

Хари и Роман веќе се посвоени во семејства кои ќе им пружат љубов, а Елза чека да биде посвоена. Имињата на сите деца веќе се променети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.