Позитивна приказна ни доаѓа од битолската болница „Плодност“.
Широко насмеана девојка го изненади доктор Таше Трпчевски за да му се заблагодари. Имено, станува збор за млада дама чие доаѓање на овој свет било благодарение на стручноста и посветеноста на д-р Таше.
Фотографијата ги доловува задоволството и гордоста кои тој ги чувствува заедно со нејзината благодарност и почит.
„По 23 години, дојде го посети докторот кој го овозможи нејзиното раѓање.“
„Пред 23 години, кај мајката на оваа убава и млада девојка, по долгогодишна битка со неплодност, беше направена лапароскопска реконструкција на зачепените јајоводи. По само 3 месеци, нејзината мајка забремени и ја донесе на свет оваа прекрасна убавица.“
„Девојката сакаше во живо да го посети и да го запознае прим. д-р Таше Трпчевски и да види кој е човекот, одговорен за нејзиното успешно доаѓање на свет“ – стои во објавата на социјалните мрежи.
„Ова не е единствен случај, со лапароскопско отворање на зачепените јајоводи имаме повеќе десетици успешни бремености, а добар и искусен гинеколог може тоа да го направи, без да ја подложи пациентката на ИВФ третман. Затоа треба да се внимава на кого му се дава довербата, кога станува збор за неплодност“ – објасни прим. д-р Таше Трпчевски.