Олена Зеленска отпатува во Велика Британија за да ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета II, која ќе биде погребана денес.
44-годишната прва дама на Украина се сретна со принцезата Кетрин во Бакингемската палата. Двете дами беа облечени во црни фустани. Сопругата на претседателот Володимир Зеленски носеше златен брош на градите.
Олена ја предводи украинската делегација која ќе присуствува на погребот на Кралицата. Претходно, Олена беше фотографирана во Вестминстерската сала, каде во изминатите денови поминаа илјадници луѓе за да го кажат последното збогум на монархот со најдолго владеење на британскиот престол.