Почетна » Новости » Актуелно » Прв љубовен базар во Веро центар со специјални попусти и изненадувања

Прв љубовен базар во Веро центар со специјални попусти и изненадувања

Совршени подароци за вљубените со специјални попусти и многу изненадувања ги очекуваат посетителите на Првиот љубовен базар што ќе се одржува во Веро центар. Почнувајќи од утре (10 февруари), па сè до Денот на вљубените (14 февруари), атрактивни изложувачи од земјава на посетителите ќе им ги понудат своите најдобри производи по специјални промотивни цени.

Веро

Празникот на љубовта во Веро центар се слави со шопинг на уникатни производи со љубовна тематика. На базарот може да се набават уникатните рачни изработки на „Тиноски“, избрана литаратура од „Сакам книги“, врвни цветни аранжмани и украсни растенија од „Зелена“ и најслатките љубовни крофни од „Слаткограм“. Посетителите на базарот ги очекуваат и најкул дизајнирани чорапи од „Quick sox“, префинет накит од „Coral jewelry“, дизајнерски винтиџ парчиња од „Игралиште“, како и украсни свеќи од „Lit candle“.

- Оваа година во Веро центар го одбележуваме февруари како месец на љубовта со специјални попусти и изненадувања. Со организацијата на љубовниот базар на нашите посетители им овозможуваме да најдат најголем избор на уникатни производи со кои ќе ги изненадат саканите или себеси. Ни претстојат денови на уживање во шопингот и љубовта – истакнуваат од маркетинг-одделот на Веро.

Базарот ќе биде отворен од 10 до 22 часот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.