Почетна » Новости » Актуелно » Прв смртен случај од коронавирус во Македонија

Прв смртен случај од коронавирус во Македонија

Потврден е првиот случај на смрт од коронавирус во нашата држава. Министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти тажната вест на прес-конференција.

Станува збор за 57-годишна жена од Куманово, која била дијагностицирана посмртно.

Коронавирус

Филипче соопшти:

„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот, кој постсмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која имала 57 години. Во однос на приемот и третманот, сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација. Навремено се земени два теста. И двата теста иницијални покажале негативен резултат. Но и покрај негативните резултати, заради тоа што болеста била типична за коронавирусот, таа била третирана во изолација.“

„Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта, во текот на вчерашниот ден и тој бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, заради што тоа е нетипично за друга болест, и тоа ги натерало колегите повторно да се посомневаат и земат уште еден, трет брис.“

„Заедно со неа е хоспитализиран и нејзиниот син, 2-3 дена после неа во текот на минатата недела. Тој има 33 години. Вчера настанало влошување на состојбата и прво бил префрлен во одделот за изолација на Клиниката за пулмологија и после според протоколот, префрлен на Клиниката за инфективни болести каде што е сега сместен во стабилна здравствена состојба.“

Прес на Венко Филипче, 15 часот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.