Почетна » Новости » Актуелно » Празничната кампања на Ladna со значајна порака

Празничната кампања на Ladna со значајна порака

За време на празниците сите уживаме во размена на подароци со нашите блиски и за многумина ова е една од омилените празнични традиции. Во својата најнова, празнична кампања, брендот Ladna нѐ потсетува дека подароците не секогаш мора да имаат материјална форма, и дека не треба многу за да им го разубавиме денот на оние околу нас.

Традиционално, за време на празничната сезона, Ladna ги користи своите комуникациски платформи за да ги истакне работите кои се вистински важни. Оваа година, во правиот дух на празниците, ја поканија својата публика да ја рашири празничната магија преку мали добри дела, кои често не чинат ништо, но насмевките кои ќе ги предизвикаат се бесценети.

„Како компанија која нуди свои производи на пазарот, во текот на годината реализираме многубројни промотивни и продажни кампањи и активности, но како општествено одговорна компанија, за време на празничната сезона секогаш сакаме фокусот да го насочиме токму на работите кои ги прават празниците најубавиот период од годината: времето поминато заедно, вниманието, заедништвото, емпатијата и поддршката“ – велат од Ladna.

Со таа цел, на нивниот Facebook и Instagram профил можете да најдете инспирација за мали добри дела преку кои ќе донесете радост и топлина не само во вашиот дом туку и во вашата поширока заедница и кои уште еднаш ќе покажат дека нашето време и внимание се најубавиот подарок.

Ладна

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.