Жителите на Крива Паланка од синоќа можат да уживаат во претпразничната магија која завладеа со поставувањето на бројните блескави декорации.
„Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.“
„Детски радосни лица, исполнети со среќа, срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината“ – рече градоначалникот Сашко Митовски.
„Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка. Секогаш работиме со срце за Крива Паланка“ – пишуваат од општината.
Градоначалникот Митовски им се заблагодари на сите компании и личности кои донираа средства за да се оствари оваа замисла, без притоа да се издвојат средства од општинскиот буџет.
Фотографии: Официјалниот Facebook профил на општина Крива Паланка