Меланија Трамп соопшти дека почина нејзината мајка. Амалија Кнавс го напушти овој свет на 78-годишна возраст.
Поранешната прва дама на САД напиша емотивна објава на социјалната мрежа X, поранешен Twitter.
„Со длабока тага ја соопштувам смртта на мојата сакана мајка, Амалија. Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Целосно им беше посветена на сопругот, ќерките, внукот и зетот. Неизмерно ќе ни недостига“ – стои во објавата на Меланија.
It is with deep sadness that I announce the passing of my beloved mother, Amalija.
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 10, 2024
Amalija Knavs was a strong woman who always carried herself with grace, warmth, and dignity. She was entirely devoted to her husband, daughters, grandson, and son-in-law. We will miss her beyond…
„Ова е многу тажна ноќ за целото семејство Трамп. Прекрасната и убава мајка на Меланија, Амалија, штотуку отиде на убаво место на небото. Таа беше неверојатна жена и ќе ни недостига повеќе отколку што можеме да опишеме со зборови“ – стои во изјавата на Доналд, поранешниот претседател на САД.
Меланија ги пропушти сите новогодишни и божиќни празници за да биде покрај мајка си, за која секогаш велеше дека е нејзина инспирација.
Амалија се роди во Австрија, но подоцна се преселила во Словенија. Голем дел од своето детство поминала во собирање кромид на семејната фарма, пред да стане текстилна работничка. Во фабриката каде што работела, го запознала својот сопруг Виктор.
Нивната прва ќерка Инес се роди во 1968 година, а две години подоцна се родила и Меланија, која прва од семејството емигрирала во САД во 1996 година.
Амалија и Виктор добиле американско државјанство во 2018 година.