Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.312 тестирања, а има 807 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 359
- Куманово и Охрид по 38
- Кавадарци, Струмица и Неготино по 36
- Гевгелија 35
- Тетово и Прилеп по 34
- Гостивар 29
- Битола 25
- Велес 24
- Крива Паланка 12
- Кочани и Крушево по 11
- Ресен 6
- Струга, Кичево и Валандово по 5
- Пробиштип и Богданци по 4
- Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3
- Делчево и Радовиш по 2
- Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија по 1
Починати се 5 лица, по 4 пациенти од Скопје (80г, 74г, 68г, 65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:
- Скопје 135
- Кавадарци 61
- Прилеп 41
- Неготино 16
- Куманово 12
- Тетово 11
- Велес 7
- Гостивар и Кратово по 5
- Штип и Битола по 4
- Гевгелија 3
- Ресен и Пробиштип по 2
- Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.