Почетна » Новости » Актуелно » По светски стандарди и кај нас: Модерен центар за усовршена и здрава кожа по каква копнееме

По светски стандарди и кај нас: Модерен центар за усовршена и здрава кожа по каква копнееме

Кога ќе фузираме професионалност, иновативност, индивидуален пристап и изострени очи за естетика, го комплетираме идеалниот спој кој го посакуваме во однос на усовршувањето на кожата, а ни стои на располагање во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“.

Најновите третмани за да изгледаме и да се чувствуваме најдобро ни се достапни благодарение на стручниот тим, кој континуирано се едуцира, ги применува најновите методи за нега на кожата и темелно навлегува во секој дерматолошки предизвик.

Уживањето во современо уредениот простор, апсорбирањето на советите и препораките на дерматолозите и сè позасиленото чувство дека сме во сигурни раце се гаранција за задоволство. А штом ќе ги добиеме мечтаените резултати од третманите, се заокружува позитивното искуство кое го споделуваат сè повеќе и повеќе лица.

Центар за естетска дерматологија Центар за естетска дерматологија

Поразговаравме со протагонистките од оваа дерматолошка сторија, заслужни за многу, многу насмевки, надминување на кожни проблеми и стимулирање на самодоверба.

Д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска, специјалистки по дерматовенерологија, нè запознаваат со услугите кои се нудат во Центарот за естетска дерматологија и споделуваат моменти од нивното искуство.

Центар за естетска дерматологијаД-р Анџелка Илиева Центар за естетска дерматологијад-р Александра Лазаревска

Одлуката да се обратиме на експерти по дерматовенерологија може да биде од најразлични причини – да „избришеме“ несовршености кои ја засегаат самодовербата, да изгледаме така младо како што се чувствуваме, да истакнеме одредени црти на лицето, да се увериме дека конкретна пигментна промена не е опасна, да лекуваме кожно заболување... Од ваше искуство, што најчесто ги поттикнува луѓето да направат консултации, а потоа и интервенции во вашата клиника?

- Луѓето кај експерт од одредена област, во случајов кај доктор дерматолог, најчесто се јавуваат поради комбинација од причини. Истите сe поврзани со некаков проблем, состојба за која се загрижени или од која се незадоволни. Конкретно во нашиот центар за естетска дерматологија доаѓаат бидејќи се свесни за она што ќе го добијат, а тоа се: брзата дијагностика со најсовремена апаратура, персонализираниот пристап кон секој пациент и секако, високото ниво на стручност на докторите. Сето ова помага да ни ја дадат довербата и на крајот да излезат со насмевка на лицето.

Сведоци сме на „бум“ во сферата на естетската дерматологија низ целиот свет. Жените, па и мажите, стануваат посвесни за бенефициите и се сè посклони да ги искористат постоечките опции за да си го усовршат изгледот. Дали и кај нас генерално е променет ставот кон естетските зафати во споредба со пред неколку години?

Луѓето сакаат да бидат најдобра верзија од себе си

- Точно така. Она што се случува во светски рамки, сите нови трендови од аспект на усовршување на изгледот логично се прелеваат и кај нас. Односот кон естетските зафати е променет драстично, доколку направиме споредба со периодот пред десеттина години и сега. Самата нега, односно одржување на лицето и телото во форма влегуваат во рамки на начин на живот. Луѓето работат на себе, сакаат да бидат најдобра верзија од себе си, а подобрениот изглед едноставно им донесува поголемо задоволство. Се чувствуваат посреќно. Претходно, направените зафати беа табу, нешто што се сокриваше, додека пак денеска често се користат социјалните медиуми за да се пофалат дека инвестирале во себе и во својот изглед.

Центар за естетска дерматологија Центар за естетска дерматологија Центар за естетска дерматологија

Нудите широка лепеза на третмани кои обезбедуваат медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување. Што сè ни е достапно во Центарот за естетска дерматологија?

- Навистина изборот е голем. Од вообичаените дерматолошки прегледи за решавање на најразлични дерматолошки проблеми, нехируршки, но и хируршки зафати. Во поглед на нехируршките процедури, секако најактуелни се третманите против стареење. Тие опфаќаат: пополнување на брчки со дермални филери со хијалуронска киселина, потоа со пополнувачи со калциум-хидроксил апатит кои се користат за контурирање на лицето и за стимулација на колаген. Актуелно е и ПРП, пополнувањето со плазма богата со тромбоцити добиена од сопствена крв, колаген индукциона мезотерапија и биоревитализација, хемиските пилинзи, хидрадермоабразија, ултразвучен лифтинг и многу други.

Важно е да потенцираме дека сме специјализирани и за сите оние дијагнози кои што бараат неодложен преглед и понатамошно третирање/проценка како на пример: акни, егзема, псоријаза, розацеа, сите видови на кожни израстоци, бемки, вирусни брадавици. Особено во овој дел, нашиот најголем фокус се токму дерматолошката онкологија со посебен скрининг и дерматоскопските прегледи на целото тело кои се извршуваат користејќи најсовремен дигитален апарат, познат како Фотофајндер, од последната технолошка генерација со вештачка интелигенција, кој е единствено достапен во нашата клиника. Тој овозможува детален дерматоскопски преглед и детекција и на најмалите промени на кожата кои некогаш се невидливи за човечкото око. Истиот може да се користи за детална анализа на косата и ноктите.

Центар за естетска дерматологија Центар за естетска дерматологија

Целта ви е континуирано надградување и фокус на новитетите, па во тој контекст, предлагате третмани кои досега не биле применувани во нашата држава. Може ли накратко да ни кажете кои се најновите иновации кои сте ги имплементирале?

- Би ги одвоиле секако - HydraFacial, апарат со единствена технологија и веднаш видливи резултати, со кој се прави еден од најизведуваните третмани за измазнување и подмладување на кожата ширум светот. Со патентираната технологија од типот на хидрадермоабразија се спроведува неинвазивна метода, која користи серуми и бустери кои овозможуваат длабоко чистење, ексфолијација, поттикнување на колагенеза, хидрирање и подмладување на кожата.

Fotofinder Automated Total Body Mapping – дигитален апарат за дерматоскопија со вграден софтвер со вештачка интелигенција и експертски софтвер Mole Analyzer Pro, кој користи најмоќни алгоритми за анализа на кожата, косата и ноктите. Ова е исто така неинвазивна метода за автоматско комплетно мапирање на кожата на целото тело.

Би ја искористиле оваа пригода исто така да споменеме дека наскоро ни пристигнуваат и уште нови уреди со кои ќе ја заокружиме целината и ќе го збогатиме портфолиото услуги кои планираме да бидат достапни за нашите клиенти. Тука би ги истакнале:

ULTERA - Уредот за ултразвучно затегање на кожата единствениот апарат одобрен од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) со кој се изведува затегање и лифтинг на кожата на лице и тело без користење на оперативен зафат. Предноста на овој апарат е фактот дека ефектите се постигнуваат нехируршки и без какви било контраиндикации што овозможува враќање на секојдневните обврски уште истиот ден, што не е случај се разбира по направена хируршка интервенција.

Повеќенаменскиот премиум ласер за безбедно и ефикасно третирање на различни состојби на косата, вклучувајќи и отстранување на несаканите влакна. Овој ласер обединува четири различни технологии во една платформа и е користен од голем број доктори насекаде во светот. Овозможува третирање на различни типови на кожа, различни возрасни категории и наменет е и за жени и за мажи. Се применува кај над 30 различни проблеми со кожата како IPL третмани на сите кожни промени, васкуларни лезии и проширени вени, пигментирани лезии, хиперпигментации, трајно отстранување на влакна на типови на кожа I-V и тетоважи, акни како и отстранување на лузни и стрии.

Индивидуалниот пристап е водечкиот принцип кој максимално го следите. Сметате ли дека тоа е пресудно за посакуваните резултати?

Ние работиме секој да стане подобра верзија од себе, а не да го смениме до непрепознатливост

- Се разбира. Секој човек е различен и затоа е потребен индивидуален пристап што би се рекло по мерка на конкретната особа. Ние работиме на принцип на подобрување, секој да стане подобра верзија од себе, а не да го смениме до непрепознатливост. Само на овој начин се постигнуваат вистинските резултати.

Дали лицата доаѓаат кај вас со специфични барања и строго си стојат на истите, или пак, ги менуваат првичните замисли согласно вашите препораки?

- Сите, без исклучок доаѓаат со замисла за тоа што би сакале. Однапред имаат специфични барања. Но, по консултација со нас и објаснувањето кое им го даваме, 99% ја прифаќаат нашата сугестија. Ние им објаснуваме детално, чекор по чекор што би се случило доколку биде спроведена нивната замисла, како тие би изгледале, а потоа им образложуваме дали е тоа соодветно или не. Така доаѓаме до заеднички став што е најдобро за нив.

Центар за естетска дерматологија

Редица истражувања посочуваат дека социјалните мрежи драстично ни го менуваат погледот кон убавината. Сметате ли дека платформите како Instagram наметнуваат нови естетски стандарди и дали тоа го зголемува интересот за интервенции за попривлечна надворешност?

- Секогаш постоеле трендови и желба за следење на истите. Познатите личности со нивниот надворешен изглед, облека, фризура, аксесоари биле тие кои диктирале мода. Она што е различно сега е брзината со која таа мода се шири. Преку социјалните медиуми за една секунда сите дознаваат сè за секого, па и тоа кој какви зафати за разубавување правел. Од друга страна, технологијата и филтрите при фотографирање на Инстаграм на пример комплетно можат да го променат физичкиот изглед, давајќи нереална слика. Така, неретко имаме барања да ги „направиме да изгледаат“ како на некоја фотографија со применети филтри. А за да се постигне таквиот изглед, понекогаш се потребни дури и 10 зафати.

Центар за естетска дерматологија

Сè поголем е бројот на жени кои се подмладиле со Ботокс или си ги подобриле контурите на лицето со филери. Искуствата се најразлични, но консензусот е дека кога сте во рацете на професионалци, ризикот од незадоволство е речиси непостоечки. Што игра најголема улога за најдобар резултат – квалитетните средства, експертизмот на докторите, условите во кои се аплицираат, нешто друго, или пак, сè си има своја „тежина“?

- Во суштина станува збор за комбинација од сите претходно наведени фактори. Почнувајќи од изборот на институцијата, условите во кои се спроведува зафатот, изборот на материјалот и секако најважно е да бидат во рацете на професионалци доктори специјалисти во областа. Од умешноста зависи и успешноста, т.е. крајниот резултат.

Центар за естетска дерматологија

Со оглед на тоа што кожата е огледало на сè што се случува во организмот и дека значително можеме да го подобриме нејзиниот изглед однатре, дали во комплетниот третман инкорпорирате и совети од областа на нутриционизмот, додатоци во исхраната, препораки за промена на навики и сл.?

Нашата цел не е да постигнеме брзи резултати, се стремиме долгорочно да влијаеме врз здравјето на кожата и да разбудиме убавина која доаѓа од внатре

- Нашата цел не е да постигнеме брзи краткорочни резултати, туку напротив, ние се стремиме со нашите совети за нега и исхрана долгорочно да влијаеме врз здравјето на кожата и да разбудиме убавина која доаѓа од внатре. Факт е дека кожата е навистина огледало на нашиот начин на живеење, таа е дел од нашиот организам и сè што се случува внатре, се манифестира и е видливо на неа.

Прекумерното изложување на сонце, некористење на заштитен фактор, нередовна исхрана, а согласно најновите истражувања и недоволната заштита од таканаречената сина светлина од компјутерите и мобилните уреди, сето тоа влијае. Секојдневните навики, како седиме, како јадеме, сето тоа има свое влијание. Така, во некои случаеви, потребно е да се направи промена во исхраната или животните навики. Ефектот е многу подобар доколку се искомбинираат третмани со на пример откажување од пушење. Затоа, ние нудиме еден сеопфатен пристап кој може да вклучи нутриционистички совети и промена на навиките.

Центар за естетска дерматологија Центар за естетска дерматологија

Кожата е најголем орган на човечкото тело и со текот на годините континуирано се менува – нови пеги, бемки, флеки. Но и покрај тоа, склони сме да ги игнорираме сигналите кои ни ги испраќа. Колку често советувате да се прават контролни прегледи со цел да се установи дали одредени промени се нормални или е неопходна стручна интервенција?

Спасувањето живот почнува со обична контрола

- Како што веќе споменавме, кожата со текот на годините и под различни фактори, како внатрешни и надворешни, се менува. Ние луѓето вообичаено ги игнорираме промените, пеги, бемки, флеки. Одиме на лекар кога ќе се појави болка или некој посериозен симптом, а не треба да е така. Треба редовно, еднаш годишно да се направи контрола. Доколку постои некаква семејна патологија, треба и почесто, бидејќи спасувањето живот почнува со обична контрола. Во случај на меланомот на кожа, кога промените се видливи и изразени, тогаш може да е веќе доцна.

Она што е исто важно да потенцираме е дека дерматолошкиот преглед, за разлика од прегледите на некои други органи, е прилично едноставен, безболен, неинвазивен и трае кратко. Кожата е лесно достапна. Се почнува со еден дермоскопски скрининг, по кој докторот советува што понатаму и колку често да се прават вакви прегледи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19781 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.