Почетна

Најсовремена технологија и кај нас: FotoFinder за комплетно мапирање на кожата и рано откривање на рак

Иднината е тука. Напредокот на технологијата резултира со револуционерни промени во дијагностиката, со што се овозможува најрана детекција на здравствени проблеми.

Фантастичен доказ за тоа е FotoFinder ATBM за автоматско мапирање на целото тело, кој ни е достапен во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“.

FotoFinder претставува златен стандард во дермоскопијата

Водејќи се од идејата да обезбеди најквалитетни дерматолошки прегледи, стручниот тим на модерниот Центар ја користи оваа германска иновација за темелен скрининг на најголемиот орган на човечкото тело – кожата.

Една од клучните предности на FotoFinder е имплементираната вештачка интелигенција со помош на која веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки. Притоа, прегледот се изведува на хигиенско растојание од повеќе од 1,6 метри, што е особено важно за време на пандемијата.

FotoFinder претставува златен стандард во дермоскопијата, го препорачуваат светски дерматолози, а е наградуван и присутен во над 100 земји ширум светот.

FotoFinder

Како работи FotoFinder?

Автоматско снимање на целото тело: „мапа“ на вашата кожа

Замислете ја вашата кожа како пејзаж. Автоматското мапирање на целото тело (ATBM) беспрекорно ја доловува вкупната површина на кожата и тоа долгорочно. Со високотехнолошкиот систем FotoFinder се креира „телесна мапа“ на вашите бенки и систематски се фотографира вашето тело – од глава до пети и од сите страни – во рок од само неколку минути. Така може да се добие целосна евалуација на нови или променети лезии веднаш за време на вашиот преглед со моќната вештачка интелигенција на FotoFinder. Со овој револуционерен софтвер, можете да бидете сигурни дека вашите податоци ќе бидат безбедни, сигурни и доверливи.

Мозаикот наречен бенки

Мајсторот за скенирање на тело (Bodyscan Мaster) ги идентификува лезиите во сите направени слики на телото и интелигентно ги распоредува според нивната важност на еден екран. Софтверот ги категоризира како: нови, променети и непроменети невуси. Овој таканаречен „мозаик приказ“ помага да се идентификуваат сомнителните лезии уште веднаш. Со тоа, видео-дермоскопскиот преглед се фокусира само на неколку атипични лезии за кои е потребна дополнителна проценка. Ова заштедува многу време и го намалува блискиот контакт на минимум.

FotoFinder

Видео дермоскопија: врвна технологија за рана дијагноза

Дополнително, сомнителните бенки се испитуваат дерматоскопски. Со специјален видео дермоскоп, во „Жан Митрев“ прават зголемени слики од вашите бенки на кои јасно се покажуваат мрежата и структурата. Дигиталното складирање на сликите од вашата кожа овозможува објективна споредба на претходните и тековните наоди на кожата при редовните прегледи. Можете да го следите вашето претходно и сегашно испитување лесно на екранот.

Во време на корона секој миг е важен

Со ултра брзиот процес на скенирање и интегрираната технологија на вештачка интелигенција, заштедува време, а контролите на кожата ги подига на сосема ново ниво на квалитет. Самата оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6м овозможува прегледот да биде безбеден.

Tехнологија на вештачка интелигенција AI за комплетно мапирање на кожата

FotoFinder со помош на вештачката интелигенција овозможува исклучителни рeзултати

Комплетното дермоскопско мапирање на кожата како процес, комбинира извонреден квалитет на слики, со нови софтверски функции и вештачка интелигенција (AI). Токму Фотофајндерот со вештачка интелигенција овозможува исклучителни рeзултати на овој комбиниран систем. Од една страна тоа значи оптимизација на резултатите од скенирањето на телото (Bodyscan) и комплетното дермоскопско мапирање (Total Body Dermoscopy), а од друга страна, ги поддржува анализите на поединечни лезии со анализаторот на бемки Moleanalyzer Prо, кој дозволува пред-проценка на меланоцитски и немеланоцитски лезии, користејќи алгоритам базиран на „длабоко учење“ тестиран при клинички испитувања.

Дермоскопија со максимална хигиена

Во случај лезијата да бара дополнително испитување, можете да ја искористите видео дермоскопијата со зумирање во најдлабоките структури на невусот со големо оптичко зголемување и моментално зумирање на областа. FotoFinder medicam доаѓа со заменливи предни капачиња кои може да се менуваат за дезинфекција после секој пациент.

Дермоскопија - почетоци и развој

Во 2020 година се одбележа 100-годишнината од првиот пат кога бил употребен терминот дермоскопија од страна на германскиот дерматолог Јохан Сапиер, кој препорачал систематска примена на микроскоп за да ја испита анатомијата на кожата и различните патологии. Така Карл Цајс за оваа намена го развил првиот биокуларен површински микроскоп. Но, овој термин дермоскопија/дерматоскопија влегува во употреба дури во 1951 година, кога го искористил американскиот дерматолог Лон Голдман, а потоа го презел неговиот англиски колега Рона Мек Ки. Потоа следеле години кога научните сознанија биле проследени со технолошки иновации во медицината кои овозможиле рано откривање на меланома и останатите типови рак како што е автоматизираното мапирање на телото.

Денес, 102 години по првата употреба на овој термин, дермоскопијата е пожива од кога било досега, полна со нови перспективи и полиња на делување. Дерматолозите од целиот свет се активно инволвирани во научните организации, истражувачки групи и форуми кои се занимаваат со оваа тематика.

FotoFinder

Fotofinder – Од идеја до реализација

Сè започнало во 1991 година, на почетокот на новата мултимедијална ера. Андреас и Рудолф Мајер имале визија да развијат база на податоци за дигитални слики која ќе ги направи фотографските архиви излишни! Оваа визија беше всушност камен-темелникот на FotoFinder. Првата канцеларија им била зад една азиска продавница во Минхен, а тие немале ниту бизнис план ниту почетен капитал.

Никој не ни претпоставувал дека FotoFinder ќе еволуира од старт-ап со двајца луѓе во глобален мед-тех бренд. Сето тоа се случило благодарение на контактот со еден професор по дерматологија кој прецизно фотографирал бенки и креирал хартиена архива, процедура која одземала многу време. Наскоро им станува јасно дека следењето на бенките во дигитална форма може да направи револуција во откривањето на рак на кожата! Така во 1994 година се раѓа медицинската видео камера и наскоро бидува развиен првиот дермоскопски систем за сликање FotoFinder.

Во првите неколку години, секоја продажба била достигнување, а испораките патешествие со малиот компактен автомобил низ цела Европа. Денеска, FotoFinder (ФотоФајндер) е светски лидер во видео дермоскопија, наградуван и присутен во над 100 земји ширум светот.

FotoFinder

Придобивки од FotoFinder

  • Долгорочна и комплетна обсервација на целата кожа и секоја бенка
  • Редовните прегледи покажуваат нови и променети бенки во рана фаза
  • Визуелизација на бенки од глава до пети и анализа за малигнитет
  • Помалку потребни ексцизии

Сето ова овозможено од вештачката интелигенција вградена во FotoFinder.

Дали сте пациент со висок ризик?

Ако вашиот одговор на кое било од овие прашања е „ДА“, консултирајте се со дерматолог!

  • Дали имате светла кожа чувствителна на сончева светлина?
  • Дали имате особено голем број бенки?
  • Дали имате големи вродени неви?
  • Дали имате атипични бенки или бенки кои неодамна се промениле?
  • Дали сте се изгореле од сонце како дете или адолесцент?
  • Дали има историја на рак на кожата во вашето семејство?
  • Дали веќе сте имале рак на кожата?
  • Дали сте изложени на силна сончева светлина или УВ зраци во редовни интервали?

Посебна претпазливост се советува при:

  • Ново развиени бенки
  • Промени во бојата, на пример посветли, потемни, нови нијанси
  • Зголемување или намалување на големината, дебелината или издигнувањето
  • Крвавечки бенки
  • Промени во околината на бенките, пример: црвенило, бела боја, оток
  • Непријатност, чешање, горење, чувство на туѓо тело

!

Важноста на раното откривање на рак на кожата не треба да се занемари!

Прегледите со FotoFinder во „Жан Митрев“ се дел од акцијата -50% за подигање на свеста за рано откривање на рак. Акцијата трае до 31 март.

Закажете го вашиот преглед на 02 3104 910

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.