Почетна » Новости » Актуелно » По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

Лекувањето на Леонид Индов по Клиника Жан Митрев, продолжува во Австрија. Тој денеска со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат.

Осумнаесет годишниот Леонид Индов летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4-месечниот третман, има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.

Леонид е ученик во Математичко-информатичката гимназија и е дел од тимот што изработи апликација за анализирање и проучување на движењето на Меѓународната вселенска станица, со која што го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

Денеска тој беше испратен од другарите и тимот на Клиника Жан Митрев. Му посакуваме успешно справување со сите понатамошни здравствени предизвици.

Леонид Индов Леонид Индов Леонид Индов Леонид Индов Леонид Индов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.