Министерството за внатрешни работи информираше дека вечерва е затворена контроверзната група „Јавна соба“, во која беа злоупотребувани фотографии и лични податоци на девојки од Македонија.
Министерот Оливер Спасовски објави:
“
Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена.
Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите.
Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група.
Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.
Откако се разви револт кај јавноста, полицијата реагираше и беа приведени четири лица – две од Битола и по едно од Велес и Штип.
Сепак, со затворањето е извојувана само една мала битка. Загриженоста останува, затоа што криминалната активност на објавување на експлицитни фотографии и лични податоци продолжува на други групи.