Почетна » Новости » Актуелно » Отмена во црно: Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на „Браќа Манаки“

Отмена во црно: Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на „Браќа Манаки“

Со францускиот филм „Мајка и син“ (Un petit frère/ Mother and Son), синоќа започна Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ поддржан од Министерството за култура.

На свеченоста во Битола присуствуваше и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска. За церемонијата, таа избра отмена црна креација. Фустанот со впечатлив детаљ на едното рамо го потпишува дизајнерот Папаз.

Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска

Во Центарот за култура, Министерката им се обрати на присутните:

Чувствувајќи се почестена со Вашето присуство, Ви посакувам срдечно добредојде во мојот град, во единствената Битола. И како министерка за култура, се радувам кога уметноста е прва вест, како што е тоа вечерва, во чест на балканските браќа на светлината. Впрочем, уметноста секогаш е убава вест, а летово како низа од уникатни бисери се нижат престижните Охридско лето, Браќа Манаки и Струшките вечери на поезијата. Оваа низа, со сиот сјај и низ сите жанрови нè потсетува на величествената улога на уметноста со која сме почестени.

И вечерва, на отворањето на 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ми навираат спомени од детството кога со нескротлива љубопитност исчекувавме која ѕвезда ќе ни дојде во градот, а доаѓаа многу и со самото доаѓање донесоа празнична атмосфера во чест на Јанаки и Милтон Манаки, први на Балканот, меѓу првите во Европа.

И овој Фестивал е прв, оттаму и најстар фестивал во светот посветен на умешноста и љубовта кон кинематографијата. Во Битола, на овој Фестивал, дојдоа многу познати имиња, но и од Битола заминаа многумина кои потоа станаа познати. Таква е Битола – ќе ве дочека со срце, ќе ве испрати со благослов и со надеж дека ќе ѝ се вратите, зашто во Битола се роди првиот филм на Балканот, меѓу првите во Европа. На наградените им честитам и во исто време посакувам да останат опседнати со светлината, како што биле браќата Манаки, кои на човештвото му оставија историски филмски и фотографски записи од драматичната прва половина на 20-тиот век.

Во чест на браќата на светлината, добредојдовте во филмска Битола. Ви благодарам.

Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска Бисера Костадиновска Стојчевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.