Во текот на вчерашниот ден во просториите на клиниката Жан Митрев беа изведени бесплатни дермоскопски прегледи од страна да специјалистите дерматовенеролози од центарот за естетска дерматологија д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска.
Оваа акција како и секоја година се спроведува со цел поддршка на Паневропската иницијатива за подигање на свеста за рано откривање на рак на кожа. Промените на кожата не треба да се занемаруваат туку да се следат редовно на дерматолог.
Да не заборавиме: Превентивните прегледи спасуваат живот!
Комерцијален текст