Почетна » Новости » Актуелно » Оваа сабота dm ве поканува на кулинарско патување со dmBio!

Оваа сабота dm ве поканува на кулинарско патување со dmBio!

Готвење на вкусни органски закуски, дегустацијаи многу подароци и изненадувања: Оваа сабота, на 24 февруари во 12 часот, dm дрогерие маркт Ве поканува на вкусно и органско кулинарско патување во Скопје City Mall.

Верувањето дека органските производи служат само за подготовка на модерни рецепти е мит и време е да се докаже спротивното! Во сабота заедно со dm и Мартина Трајаноска – Martina’s Cooking ќе откриете цел еден нов свет на органската кујна. На оваа забавна дружба ќе видиме како органската храна може да биде брза, едноставна и вкусна, а воедно dm ќе се обиде и да ја поттикне нашата желба за промена и испробување на нови кулинарски работи. На самиот настан, покрај модерните, ќе бидете инспирирани да ги пробате и старите добри традиционални рецепти, подготвени со dmBio состојки.

dm

На големиот настан, Мартина (@martinascookingg), ќе подготви дел од своите рецепти, кои се издадени во книгата „Кулинарско патување со dmBio“ но и рецепти од другите food блогери кои се исто така дел од интернационалната кампања на dm и книгата. Посетителите ќе имаат шанса да ги дегустираат рецептите, како и да бидат дел од неколку интересни предизвици. Од dm велат дека најавуваат искуство кое не смее да се пропушти, а и неодоливо вкусно поминати часови со дегустација на вафли, проја, брускети и други интересни рецепти.

Покрај Мартина, дружбата ќе ја поддржат многу други гости и инфлуенсери кои покрај тоа што ќе ѝ асистираат на Мартина во подготовката на храната, ќе предводат една од динамичните игровни предизвици за кои следуваат супер подароци и многу изненадувања. Настанот ќе трае 4 часа (12:00-16:00) и добредојдени се сите посетители.

Едно е сигурно - се работи за настан кој не сакате да го пропуштите бидејќи ќе биде комбинација на добра и здрава храна со забава и музика!

Во својот асортиман dm брои над 500 производи со органско потекло, а самиот бренд dmBio нуди над 300 веќе добро познати производи помеѓу нашата јавност кои се симбол за квалитет и здравје.

Да започнеме со поздрава исхрана, да откриеме дека овие оброци всушност може да бидат многу поволни, но и да научиме како да си го креираме дневното мени! dm ве очекува на 24 февруари на супер дружба, многу изненадувања и подароци!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19738 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.