Велат дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а Зара е само доказ за тоа.
Кучето од Корчула во моментов е во Јабланица, Босна и Херцеговина, за да учествува во потрагата по исчезнати лица во поплавите заедно со Хрватската горска служба за спасување (ХГСС). Фотографии од Зара споделија на Facebook профилот на ХГСС и напишаа: „Нашата Зара“.
Крзненото животно неуморно трага по преживеани, а Анте Дужевиќ од ХГСС неодамна изјави дека Зара може да замени и до 30 луѓе.
„Во потрагата одиме само ние двајцата за да нема одвлекување на вниманието и кучето да може успешно да ја најде жртвата. Важно е сето тоа да се одвива преку некаква игра, за тоа е потребна концентрација и да нема ништо што би можело да му пречи на кучето“ – рекол Анте, кој го тренира кучето.
Патувањето до Јабланица не било лесно и спасувачите велат дека ситуацијата е хаотична.
„Некои куќи ги нема повеќе, а други се затрупани. Поради одроните долго се пробивавме до Јабланица“ – рекле тие.
Поплавите настанаа ноќта меѓу 3 и 4 октомври. Во нив загинаа најмалку 20 лица, а сè уште се трага по исчезнатите.
Кај нас е активен апел за помош на настраданите на ECrowd.mk. Ако сакате да донирате средства, тоа можете да го направите на следниот линк.
За нашите браќа и сестри во Босна!
ФОТО: Facebook/HGSS - Hrvatska gorska služba spašavanja