Почетна » Новости » Актуелно » НТЦ семинар од д-р Ранко Рајовиќ за вработените на Бимилк и стручни лица од образовните институции од Битола

НТЦ семинар од д-р Ранко Рајовиќ за вработените на Бимилк и стручни лица од образовните институции од Битола

Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на семејството на уникатен начин, со семинар од познатиот експерт за детски развој д-р Ранко Рајовиќ а наменет за своите вработени и стручните лица од битолските образовни институции. Пред локалните воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и вработените во Бимилк, д-р Рајовиќ ја претстави својата програма за негување на интелектуалните способности на децата преку познатиот систем за учење NTC (Никола Тесла Центар).

Битолска млекара Битолска млекара

Програмата за учење NTC интегрира иновативни детски активности и игри дизајнирани да го оптимизираат развојот на мозокот за време на клучниот период од раѓање до околу десет години. Значењето на играта како внатрешен нагон на детето е клучен елемент на програмата NTC, која стимулира сложени моторни активности, фини моторни вештини и когнитивен развој, според д-р Рајовиќ. „Програмата NTC нуди целокупен пристап за негување на детскиот потенцијал“, истакна д-р Ранко Рајовиќ. „Преку три фази на имплементација, кои опфаќаат еволуциски поддржувачки активности, класификации на мислата и дивергентно и конвергентно размислување, децата се вклучуваат во учење засновано на игра што го подобрува и сензомоторниот и когнитивниот развој“.

Мотивот и целта за организирање на овој семинар за Бимилк е во придонесот за едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно да се учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина.

Битолска млекара Битолска млекара

„На 15 мај, Меѓународниот ден на семејството, ја славиме основната улога на семејството во нашето општество. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. Прифаќајќи ги иновативните пристапи во образованието, ние вложуваме во нашите вработени кои се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадат средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница. Вработените за нас се семејство, најважната алка во успехот на Бимилк“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК.

Семинарот не само што ја олесни размената на знаење, туку и ја нагласи важноста на колективните напори на една компанија во обликувањето на посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, Бимилк има за цел да негува мрежа за поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за просперитетна заедница. Исто така, ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите.

Битолска млекара Битолска млекара Битолска млекара Битолска млекара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.