Почетна » Новости » Актуелно » „Никогаш нема да чекориш сам“: Цел стадион аплаудираше и пееше за поддршка на Роналдо по смртта на неговото синче

„Никогаш нема да чекориш сам“: Цел стадион аплаудираше и пееше за поддршка на Роналдо по смртта на неговото синче

Кристијано Роналдо тагува поради смртта на неговото новородено синче и заедно со семејството се обидува да ја преброди големата трагедија.

37-годишниот спортист не му се придружи на неговиот тим на фудбалскиот меч против Ливерпул, но сите присутни му испратија силна порака.

Навивачите на двата фудбалски тима обединети аплаудираа и пееја во седмата минута од мечот како поддршка на Роналдо. „You Will Never Walk Alone“ (Никогаш нема да чекориш сам) е песната на Ливерпул која ечеше на стадионот.

Навивачи

Сестрата на Роналдо, Елма, им се заблагодари на фановите на Ливерпул за поддршката која му ја дадоа на Роналдо и покрај тоа што тој е дел од тимот на ривалите Манчестер Јунајтед. „Благодариме Ливерпул за ова. Никогаш нема да заборавиме што направивте денес“ – стои во нејзината објава.

Навивачи Навивачи

Роналдо и Џорџина Родригез очекуваа близначиња, но за жал изгубија едно од новородените бебиња.

Роналдо и Џорџина Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.