Мила Кунис и Ештон Кучер одлучија да донираат 3 милиони долари за бегалците од Украина.
Славниот холивудски пар одлучи да им помогне на оние кои ја напуштаат родната земја на Мила и бегаат во соседните држави. Преку апел на GoFundMe, нивна цел е да соберат 30 милиони долари за Flexport и Airbnb, двете организации кои им овозможуваат непосредна помош на бегалците од Украина.
Во видеото, Мила вели дека е родена во Украина и дека никогаш не била погорда за своето потекло.
„Јас сум родена во Черновци, Украина во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991. Секогаш се сметав за Американка. Горда Американка. Сакам сè што оваа земја има направено за мене и за моето семејство. Но, денес, никогаш не сум била погорда што сум Украинка.
„Настаните кои се случија во Украина се ужасни. Нема место во овој свет за ваков неоправдан напад врз човештвото“ – рече Мила во видеото.
„Украинците се горди и храбри луѓе кои ја заслужуваат нашата помош. Нашето семејство го започнува овој апел за да помогне да се овозможи итна поддршка, а ние ќе донираме 3 милиони долари.“
„Додека сме сведоци на храброста на Украинците, исто така сме сведоци на незамисливиот товар на оние кои избраа безбедност. Безброј луѓе напуштија сè што знаеја и што сакаа за да побараат засолниште. Земајќи го само она што можеа да го носат, овие украински бегалци имаат потреба од живеалиште и намирници веднаш“ – пишува во апелот на GoFundMe, каде досега се собрани над 3 милиони долари.