Почетна » Новости » Актуелно » „Најцрниот ден. Почивајте во мир ангелчиња наши“: Последно збогум за жртвите во пожарот во Кочани

„Најцрниот ден. Почивајте во мир ангелчиња наши“: Последно збогум за жртвите во пожарот во Кочани

Македонија се соочува со една од најголемите трагедии во нејзината историја

Осамна утро сончево, но без светлина во срцата на тие што ги изгубија своите најблиски. Денес ќе бидат погребани 59 лица кои загинаа во страшниот пожар во Кочани кој ја потресе земјата.

Тагата е неизмерна, а болката што ги исполни срцата на семејствата, пријателите и сите нас е неопислива. Овој трагичен ден ќе остане забележан како ден на загуба, солзи и молк, кој ќе нè потсетува на кревкоста на животот и на важноста на помагањето во тешките моменти. Почивајте во мир, ангелчиња наши.

тага

Емотивен текст се споделува како последно збогување со починатите лица.

Осамна утрото сончево. А сончевите зраци денес темни, црнила...

Најцрниот ден во македонската историја. Масовен погреб на деца за време на најголемите христијански пости.

И не знам дали имаше мајка што синоќа мирно спиеше. И не знам дали од оваа црнила некогаш ќе се опоравиме како нација... Почивајте во мир ангелчиња наши.

тага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24016 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.