Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.831 тестирања, а има 243 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 98
- Куманово 11
- Штип 7
- Прилеп 12
- Тетово 2
- Струга 9
- Велес 3
- Битола 5
- Охрид 5
- Кавадарци 4
- Гостивар 5
- Гевгелија 5
- Струмица 21
- Крива Паланка 2
- Радовиш 9
- Кочани 11
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Берово 9
- Валандово 4
- Виница 2
- Делчево 2
- Свети Николе 12
- Кичево 1
- Неготино 2
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од:
- Скопје 39
- Куманово 4
- Штип 2
- Прилеп 3
- Тетово 3
- Струга 4
- Велес 7
- Битола 3
- Охрид 3
- Кавадарци 2
- Гостивар 6
- Гевгелија 2
- Струмица 10
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Берово 1
- Делчево 1
- Кичево 2
- Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.