Болница Плодност интензивно се проширува просторно, но и со врвни медицински услуги. Најновото во битолската болница, која е препознатлива по успешното асистирање на парови кои се борат со неплодност, е надградувањето на Одделението за радиодијагностика со компјутерска томографија.
Станува збор за снимања со модерниот Siemens Healthineers SOMATOM Go, со кој значително ќе се подобри грижата за пациентите. Најголемите придобивки се:
- Кратка процедура;
- Ултра ниска зрачна доза;
- Квалитетни слики со висока резолуција.
Компјутерската томографија, со својата брзина и прецизност, претставува ефективна, неинвазивна метода за дијагностика и контрола на патологии во различни делови на човековото тело. Снимањата може да бидат контрастни или нативни.
Деталните снимки кои се добиваат со компјутерска томографија се исклучително важни за планирањето на медикаментозен, хируршки или радијациски третман.
Во овој контекст, Болница Плодност нуди редица услуги, и тоа:
- Компјутерска томографија на абдомен;
- Компјутерска томографија на граден кош;
- Компјутерска томографија на глава;
- Компјутерска томографија на синуси;
- Компјутерска томографија на екстремитети.
Закажете термин на операторите на 047 208 880.