Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.373 тестирања, а има 1.031 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 492
- Прилеп 64
- Кавадарци 53
- Велес 47
- Тетово и Гостивар по 45
- Охрид 31
- Битола 30
- Куманово и Неготино по 29
- Гевгелија 25
- Струмица 20
- Штип 16
- Струга 13
- Берово 12
- Ресен, Радовиш и Крушево по 9
- Кочани 8
- Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 7
- Крива Паланка 6
- Демир Хисар 4
- Кратово 3
- Кичево, Богданци и Демир Капија по 2
- Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1
Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 до 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола - по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистриран е 241 оздравен пациент од:
- Скопје 152
- Гевгелија 20
- Велес 15
- Куманово 14
- Гостивар 13
- Битола 9
- Штип 6
- Ресен 4
- Валандово 3
- Струмица 2
- Кичево, Радовиш и Свети Николе по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.