Почетна » Новости » Актуелно » На магичен настан на „тајна“ локација „Божиновски часовници и накит“ ги претстави новитетите од прeстижниот бренд OMEGA

На магичен настан на „тајна“ локација „Божиновски часовници и накит“ ги претстави новитетите од прeстижниот бренд OMEGA

Не постои повозвишено чувство од она кога стиховите на еден поет во нас ќе ја разбудат емоцијата на љубов, во нејзината најсилна форма. Во тие моменти во нас се буди физички немерлива креативна сила која нè тера чувството да го споделиме со што повеќе луѓе околу нас.

Вака во неколку реченици може да се опише настанот на кого беа претставени новитетите од часовничарскиот бренд Omega кој пред неколку денови го организираше „Божиновски часовници и накит“ за лојалните клиенти на брендот.

На првично тајната локација – „Чифте амам“ пријателите на Божиновски имаа можност да влезат во една сосема друга димензија и во целиот амбиент да ја почувствуваат првичната инспирација на тој начин креирајќи поезија без букви и стихови.

Уживајќи едно обично утринско кафе во Битола со стиховите на големиот поет и романтичар Џорџ Гордон Бајрон, сопственикот Игор Божиновски акумулираше доволно креативна енергија во воздухот за да му даде емотивен почеток на еден настан за паметење.

Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан

„Оваа вечер ви ја посветувам вам мои драги пријатели и познаници, каде ќе ви ги претставиме новитетите на Омега и каде ќе ви го претставам она што мене ми е најсвето, она во што верувам, она што ми ја исполнува мојата душа, она за што живеам и она за што еден ден ќе умрам. Знам дека изгледа како да претерувам, но ако погледнете длабоко во себе и се запрашате зошто Божиновски часовници и накит е таму каде што е, единствен , доверлив и сигурен партнер во овој мал и мистериозен свет на часовничарството, одговорот самите ќе го пронајдете баш таму, во тоа мое претерување“, изјави сопственикот на „Божиновски часовници и накит“ Игор Божиновски, надоврзувајќи се на филозофското преиспитување на големиот лорд Џорџ Гордон Бајрон во кој се обидел да пронајде одговор на животно есенцијалните прашања.

  • Што е најсвето за човек?
  • Од што е создадена душата?
  • За што вреди да се живее?
  • За што вреди да се умре?

Одговорот кој Лордот Бајрон го дал на сите 4 прашања бил еден и едноставен,

Љубовта!

Љубовта е најсвета на човекот,

Од љубов е создадена душата

За љубов вреди да се живее, и

За љубов вреди да се умре.

И воопшто не е претерување ако се каже дека токму таквата љубов и страст, повеќе од четвртина век е главниот печат на „Божиновски часовници и накит“, во својата света мисија, светот на часовничарството да го доближи до луѓето и до своите верни и лојални клиенти.

Погледнете ја галеријата со фотографии.

Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан Omega настан

Сите новитети на Омега може да ги погледнете на нашата веб страна: https://bit.ly/3YbKKCC

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.