Дури 94% од глобалното население го препознава иконичното лого на Coca-Cola, а дури и AI алатките многу брзо ја совладаа таа лекција. И не само логото туку и целиот свет што се крие зад овој бренд – весел, оптимистичен, во боја, исполнет со свежи идеи.
Оттука произлегува и инспирацијата за новата кампања Just Add Coca-Cola (Само додај Coca-Cola), креирана и реализирана локално, во Македонија, од маркетинг-агенцијата „Њу момент Скопје“. Сите материјали што ги продуцира агенцијата за оваа кампања се создадени со користење на AI алатки со внесување едноставни промптови – „човек со куче“ или „двојка на вечера“, при што се добиваат едноставни слики, со неутрални, претежно темни бои. Но, кога ќе се додаде само еден збор во промптот – Coca-Cola – целата атмосфера на сликата се менува во изразено попозитивна, светла, со доминантна црвена боја и cool насмеани лица.
„AI платформите кои се на располагање во моментов не препознаваат логоа ниту текст. Уште помалку, пак, го препознаваат визуелниот идентитет на даден бренд. Најчесто се добиваат деформирани слики и непрепознатливи резултати. Кога станува збор за Coca-Cola, не само што го препознаваат логото туку и чувството што брендот го гради околу себе низ својата долгогодишна историја. Токму тоа нè поттикна да ја развиеме оваа кампања“ – велат од „Њу момент“.
Уште од основањето на компанијата пред повеќе од 130 години, иновативниот маркетинг и адвертајзинг на Coca-Cola одиграа клучна улога во нејзиниот огромен успех и во градењето на препознатливоста на брендот. Чувството и атмосферата што се градеа околу брендот од самиот почеток до денес се конзистентни – позитивни, оптимистични, со намера да зближат и поврзат. Coca-Cola е дел од секоја прослава, веселба, за многумина тоа е првиот бренд што им паѓа напамет кога ќе се спомне Божиќ. Дури и глобалната слика за Дедо Мраз која опстојува низ годините произлегува од дамнешна реклама на Coca-Cola. Тоа е моќта на брендингот, која ја препознава и AI.
Освен тоа, за разлика од повеќето брендови кои значително ги намалуваат маркетинг-активностите кога еднаш ќе достигнат препознатливост, Coca-Cola продолжува континуирано да создава вистинска магија, вложувајќи не само во сопствениот бренд туку и во спонзорства, партнерства и општествено одговорни практики.
„Иновативноста е задолжителна состојка во „рецептот за магија“ на Coca-Cola. Вештачката интелигенција во последниве година и пол доживува сериозен подем, и компанијата веќе ја има користено на глобално ниво. Задоволни сме што овој концепт произлезе од регионална агенција. Низ историјата на брендот, Coca-Cola секогаш била опкружена со позитивна и оптимистичка атмосфера, емотивна поврзаност, споделување заеднички моменти, весели и насмеани лица, аспиративен начин на живот, глобален досег, но локална релевантност. И сето тоа е конзистентно низ годините, па и некако не е изненадување што вештачката интелигенција го препознава“ – вели Мартин Атанасовски, маркетинг-директор во The Coca-Cola Company.
Видео:
Комерцијален текст